Фармакогенетика – генотипизирање на гени вклучени во метаболизам на лекови

Фармакогенeтиката е важен пример од областа на персонализирана медицина, која има за цел да го прилагоди медицинскиот третман за секое лице посебно или за група на луѓе. Фармакогенетиката детерминира како вашата ДНК влијае на начинот на кој реагирате на лековите.

Идентификација на генетски полиморфизми и други мутации

Генетските и функционалните пристапи се двата главни приоди кои се користат во идентификацијата на гените кои, кога мутираат, предизвикуваат болест. Во генетските пристапи за проучување на наследни болести, методите на генетско мапирање се користат за да се идентификува позицијата во човечкиот геном на генетскиот фактор кој влијае на развојот на нарушувањето.

Молекуларна детекција на патогени

Дијагнозата на заразни болести со PCR вклучува целни методи за амплификација на таргетни гени. За разлика од фенотипските карактеристики кои можат да бидат променливи, методите на молекуларна амплификација ја користат предноста од употребата на стабилни генотипски карактеристики.

Clopidogrel (Фармакогенетика)

CLOPIDOGREL е анти-агрегатен лек, познат под името PLAVIX кој се користи за спречување и за лекување на различни атеротромботични заболувања.

ApoE Leu28Pro

Аполипопротеинот Е (apoE) e протеин чии различни изоформи се поврзани со варијации на нивото на масти и липопротеини, а со тоа и појава на КАРДИОВАСКУЛАРНИ заболувања.

AZF Y

Вродени мутации на Y хромозомот се почеста причина за машка неплодност.
Со Real Time PCR тестирање се овозможува квалитативна детекција на Y хромозомски микроделеции кои директно влијаат на овој проблем.

BRCA

Ракот на дојка и простата се најчестите малигноми кај луѓето. Нивната прогноза зависи од времето на дијагностицирање на болеста.

Кардио панел

Комбинација од негативни влијанија (гојазност, пушење, канцер, операции, дијабет, хормонска терапија) и варијации во гените одговорни за системот за коагулација (згрутчување на крвта), може да доведат до појава на кардиоваскуларни болести.

Целијачна болест

Интолерантност на глутен или целијакија, како состојба се карактеризира со воспаление на слузницата на тенкото црево како последица на имуна реакција предизвикана од внесен глутен.

STD 7

Причинителите на сексуално преносливите инфекции се елиминираат по одреден временски период, додека други се повторуваат, а некои остануваат во телото асимптоматски, овозможувајќи развој на сексуално преносливата болест предизвикувајќи последици како што се инфламации на урогениталниот систем, неплодност, па дури и развој на канцер.