EGFR (Утврдување на мутантни форми на EGFR)

EGFR (рецептор на епидермален фактор на раст) е протеин на клетките кој им помага да растат. Мутацијата во EGFR генот може да предизвика неконтролирана делба и раст а со тоа и развој на канцер.

Постојат различни типови на EGFR мутации. Меѓу мутациите на EGFR кои се тестираат кај канцерот на белите дробови, постојат неколку ретки типови кои се третираат поинаку од почестите EGFR мутации.

Околу 16% од пациентите со канцер на белите дробови имаат мутации во EGFR и овие пациенти покажуваат поголем одговор на TKi терапијата, како што е Gefitinib, отколку на традиционалните хемотерапии. Спротивно на тоа, пациентите без такви мутации подобро реагираат на конвенционални  лекови.

EGFR генетската анализа се користи за индивидуализирана молекуларна предиспозиција за рак и помага за поставување на соодветна терапија.

Метод

Real Time PCR

Примерок

Венска крв