K-Ras (Утврдување на мутантни форми на К-Ras)

Генот K-ras се наоѓа на 12ти хромозом и има голема улога во развојот на одредени хумани тумори.

Немутиран K-Ras ген учествува во регулација на клеточниот циклус.

Мутациите во генот K-ras предизвикуваат нарушување во регулацијата на клеточниот циклус. Мутираниот ген K-ras доведува до континуирана делба и раст на клетките и ја спречува нормалната клеточната смрт , а со тоа и развој на канцер.

Фреквенција на мутација на генот на K-Ras:
≈98% Панкреатичен дуктален аденокарцином (PDAC)
≈85% Колоректален карцином
≈43% Мултипен миелом
≈32 % Канцер на бели дробови

Одредени пациентите со мутации во генот K-ras се резистентни кон Cetuximab и panitumumab анти EGFR лекови, кои се користат во терапија на одредени типови на канцер.

Затоа, за поставување на соодветна терапија потребно е да се направи молекуларен тест за одредување на генетски мутации во генот K-Ras.

Метод

Real Time PCR

Примерок

Венска крв