Глутенот (од латински Gluten, лепак) е композитен протеин кој се наоѓа во пченицата и сродните житарки, како што се ‘ржта и јачменот. Глутенот му дава еластичност на тестото, му помага да нарасне и да ја задржи формата. Се користи во козметика, шампони за коса и други дерматолошки препарати.
Глутенот e сложен растителен протеин кој се состои од протеините глијадин и глутенин. Проламинот и глутелинот од пченицата (глиадин, растворлив во алкохол и глутенин, растворлив само во разредени киселини и бази) претставуваат околу 80% од протеинот во плодот на пченицата. Бидејќи се нерастворливи во вода, лесно може да се прочистат од скроб со миење. Во светот, глутенот е популарен извор на протеини, особено во вегетаријанските и слични ниско-протеински диети.
Глутенот може да предизвика воспалителна реакција во цревната слузница кај луѓето кои страдаат од целијачна болест – генетски предизвикана преосетливост на овој протеин. Сочинува 10-15% од пченично брашно; останува во вид на леплива маса кога се замесува брашното и се мие скробот со вода.
Основата на третманот за целијачна болест е исхрана без глутен, што значи избегнување на сите производи од пченица, ‘рж и јачмен. Многу возрасни кои страдаат од целијачна болест можат да толерираат овес во мали количини, т.е. земањето овес во мали количини не предизвикува воспалителни реакции.
Целијачната болест е најчеста хронична гастроентеролошка автоимуна болест која се карактеризира со интолеранција на глутен, пченични протеини, јачмен, ‘рж и овес.
Целијачната болест е автоимуна болест предизвикана од глијадин и сродните проламини од пченица, ‘рж и јачмен. Кај генетски предиспонираните лица, овие протеински фрагменти доаѓаат во контакт со интрацелуларниот ензим трансглутаминаза задолжен за деаминација (деаминиран глијадин), што доведува до промена на состојбата и обликот на протеинот.
Овие изменети пептиди се лесно препознаени од хетеродимерите HLA DQ2 и DQ8 (изложени на површината на ламина проприа од антиген презентирачките клетки) кои доведуваат до активирање на имунолошкиот систем и оштетување на цревни ресички.
Храната која содржи глутен може да предизвика алергиски реакции како болка во стомакот, умор, болки во зглобовите, чешање и псоријаза.
Еколошките фактори кои придонесуваат за зголемена преваленца на целијачна болест вклучуваат:
– Начин на породување (царски рез е посебен ризик),
– Раните инфекции – во зависност од предизвикувачкиот патоген, може да го зголемат ризикот од развој на целијачна болест
– Исхрана во детството
– Сезона на раѓање
– Социо-економски статус
– Генетска предиспозиција – според неодамнешните студии, податоците укажуваат дека времето и количината на глутен внесена во исхраната на доенчето и врската со природната исхрана немаат значајна улога во манифестацијата на целијачна болест, туку дека високоризичниот HLA DQ2 и DQ8 имаат значајна улога во развојот на целијачна болест.
– Хронични болести – како што се други автоимуни состојби и болести кои го зголемуваат ризикот од целијачна болест кај следниве болести: дијабетес тип 1, болест на тироидната жлезда, Сјогренов синдром, јувенилен идиопатски артритис, вослапителна болест на цревата, периферна невропатија, Даунов синдром, Тарнеров синдром, Вилијамс синдром, недостаток на IgA.
– Улогата на макробиотата – неодамна беше силно фаворизирана како хипотеза фокусирана на улогата на микробиотата во појавата на болеста. Факт е дека микробиомот влијае на развојот на имунолошкиот систем и автоимуните болести; изменетиот состав на цревната микробиота опишан кај пациенти со целијачна болест се нормализира по третман со диета без глутен.
Поради полиморфизмот на манифестните промени, клиничката слика на целијачна болест може да биде:
Типично – подразбира присуство на гастроинтестинални симптоми. Типична целијачна болест се карактеризира со позитивен серолошки тест, со или без симптоми и без видливо интестинално воспаление на биопсија.
Атипично – има првенствено екстраинтестинални манифестации.
Тивка целијачна болест – опишува асимптоматски пациенти со позитивен серолошки тест и интестинално воспаление на биопсија.
Потенцијална форма – вклучува пациенти со позитивен серолошки тест, со или без симптоми и без видливо интестинално воспаление на биопсија.
Целијакијата има силна наследна компонента, која може да се дијагностицира со анализа која прецизно го докажува присуството или отсуството DQ2 и DQ8 хаплотиповите кои укажуваат на предиспозиции за развој на оваа болест.
Зошто да се направи тестот?
– Молекуларниот тест помага за дијагноза на целијачна болест, особено при отстапувања во серолошките испитувања или отстапувања во цревна биопсија
– Генетскиот тест се применува за идентификација на поединци кои се наоѓаат во високоризични групи (роднини од прв степен на лици со целијачна болест).
– Индувидуи со други автоимуни заболувања (дијабет тип 1, тироидитис, мултиплекс склероза, псоријаза идр.) или генетски болести.
Во ГМ лабораторија се изведува високо сензитивниот молекуларен тест преку кој се одредува генетската предиспозиција за разој на целијачна болест.